45-годишна жена го истепала и изгризала 75-годишниот дечко откако тој и’ ја зел кредитната картичка…
Имено, Ширли Клохези Сасло (45) го нападнала 75-годишникот за време на расправија во нивниот дом во Флорида во саботата. Таа скокнала врз него, почнала да го тепа, удирајќи го во лицето и градите и да го гризе.
Жртвата го пријавила случајот во полиција, а Ширли се соочува со две пријави и тоа за „семејно насилство“ и „насилство врз лице постаро од 65 години“.
Истрагата е во тек.
Извор: Sky.mk