Најмалку 1.000 кандидати од 200.000 пријавени се избрани за обука за патување на Марс во една насока, според замислата за конолизација на таа планета на холандската непрофитна организација „Марс1“…

marsКандидатите за патувањето на Марс, кое треба да почне во 2014 година ќе бидат снимени на 24 часа во вид на ријалити програма, а од нив 24, наводно во шест тури ќе бидат лансирани на „црвена планета“, соопштија организаторите.

Добитниците на билетот за Марс, одалечен од Земјата најмалку 55 милиони километри, би требало да патуваат до својата нова планета околу шест месеци.

„Марс1“ соопшти избраните 1.058 потеницјални емигранти на Марс, од 140 земји, на 30 декември им било соопштено дека имале среќа на конкурсот, на кој морале да исполнат голем број критериуми. Меѓу тие критериуми, од нив се бараше и „нескршлив дух“,„логично размислување“, „чувство за игра“, да бидат здрави и да не користат наркотици, со цел да станат меѓупланетарни пионери.

– Пријавените 200.000 кандидати ги поделивме на оние за кои проценивме дека се способни да бидат амбасадори на Марс и на оние кои оваа мисија ја сфаќаат помалку сериозно. Дури ни се јави двојка која со пријавата приложиле своја видео снимка без облека – рече основачот на холандската организација Бас Лансдорп.

Во текот на наредните две години, кандидатите ќе бидат подложени на низа симулации на различни околности со нагласок на тестирање на нивните физички и емотивни способности.