
Иако годината штотуку почна, списанието „Максим“ Ева Лонгорија ја прогласи за најсекси жена во 2014. година…
Така „очајната домаќинка“ се нашла и на насловната страна на популарното списание за мажи позирајќи во бела машка поткошула.
Убавата 38-годишна Ева требала за „Максим“ да позира уште пред неколку месеци, во 2013. година, но поради академските обврски и пишувањето на магистарскиот труд, Ева сето тоа морала да го одложи.
А дека се исплатило да се чека оваа убавица, покажува веќе и самата насловна. Ева Лонгорија уште пред неколку години добила диплома по кинезиологија, а сега станала и магистар.