
Во недела во 2 часот наутро, ќе започне летно сметање на времето…
Тогаш стрелките на часовникот треба да се поместат еден час напред и наместо 2 ќе означуваат 3 часот. Летното сметање на времето ќе заврши во недела на 26 октомври во 3 часот по полноќ, кога повторно ќе се премине на зимското време, соопшти Бирото за метрологија.
Летното или уште се нарекува мандатно, договорно или указно време претставува административно поместување на службеното време, заради економска заштеда, политички, безбедносни, спортско-рекреативни, здравствени или други причини.