Утринската температура ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од девет до 16 степени…

Capture

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од девет до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност во попладневните часови. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 13 степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со ниски утрински температури, а дневните температури ќе бидат во пораст.

Заради појавата на негативните утрински температури се предупредуваат земјоделците да преземат мерки за заштита на овошките.