Утринската температура ќе се движи од четири до осум, а дневната од осум до 14 степени…

oblaci

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно. Во источните делови се уште ќе има услови за врнежи од слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали, а ветерот ќе го смени правецот во северозападен.

Утринската температура ќе се движи од четири до осум, а дневната од осум до 14 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во петок попладне ќе има локален дожд, а на планините локален снег. Потоа, во деновите од викендот, како и во почетокот на наредната недела времето ќе биде претежно сончево со пораст на дневната температура.