Младиот и талентиран Иван Тренчевски заедно со својот бенд направија преработка на познатиот хит на Тоше “Све је ова прмало за крај” на македонски јазик во чест на 25 јануари, роденденот на нашиот Тоше…

Screenshot_181

Иван Тренчевски е добро познат на македонската публика и пошироко кој веќе има музичко искуство настапувајќи на повеќе домашни фестивали, но и на неколку фестивали во  Бугарија , каде има освоено и многу награди како онаа на последниот фестивал во Русе.

Screenshot_191

Иван Тренчевски во соработка со неговиот соработник Г.Х.Д. Гурко,  направи  фото сесија и сними спот за својата песна кои наскоро ќе бидат промовирани.

Во меѓувреме, тој заедно со својот  “ Disaster band “ направија преработка  на постхумно издадениот хит на Тоше Проески  “Све је ово премало за крај“, препејувајќи ги стиховите на песната на македонски јазик .

Screenshot_20

Во продолжение погледнете како звучи и изгледа “Сето ова е премалку за крај“ во видеото на Иван Тренчевски и неговите колеги  од “Disaster band “.