
Денеска во рамките на својата предизборна кампања митинг во Делчево ќе одржи претседателскиот кандидат на ВМРО – ДПМНЕ , Ѓорге Иванов…
Денеска изборниот караван на Тимот Македонија за презентација на кандидатот за Претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов во рамки на актуелната кампања за Претседателските избори, ќе присуствува во Делчево.
Митингот ќе се одржи на летната сцена во центарот на Делчево со почеток во 17.30 часот, каде што претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ , Ѓорге Иванов ќе ја претстави својата програма пред граѓаните на Делчево.
Во денешната агенда претседателскиот кандидат Ѓорѓе Иванов ќе ги посети и жителите на општините Пехчево, Македонска Каменица и Берово.