
ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата вечерва ќе одржи митинг во Скопје каде што ќе биде претставена новата програма за следните парламентарни избори и кандидатите за пратеници…
Новата програма ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе биде промовирана вечерва во Скопје на централниот митинг кој ќе се одржи на плоштадот Македонија со почеток во 20 часот.
Од партијата истакнуваат дека новата изборна програма која ќе биде претставена ќе биде една од најдобрите програми досега во Македонија која била понудена и најквалитетна со конкретни проекти.
Во програмата се сместени 2046 нови проекти, а покрај нив ВМРО-ДПМНЕ во својата програма најавува и креирање на нови 64.000 работни места.