
Мажот ја задавил жената и судијата го прашува зошто: Почитуван господин судија, си седам јас една вечер и си гледам телевизија. Влегува жената и вели: “Доста го гледаш тоа дуо!”
“Жено,” – и велам – “тоа не е дуо туку дует.” “Не бе дуо е, дует е кога двајца се мечуваат.” “Жено, тоа не е дует, тоа е дуел.” “Не бе, дуел е каде што возот поминува.” “Жено, тоа не е дуел, туку тунел.” “Не бе, тунел е тоа на патиштата за спиење.” “Жено, тоа на патиштата не е тунел туку мотел.” “Не, мотел e” – и неможев веќе да издржам, ја задавив. Судијата вели замислено: Јака ти душа, јас ќе ја задавев уште во тунелот.
Авионска несреќа. Преживува само една стјуардеса која скокнала со падобран. Стјуардесата паѓа на пуст остров и гледа на островот само еден човек пече месо. Стјуардесата го прашува човекот: Од каде си? Од Кавадарци. Колку време си на островот? 15 години. Ќе ми дадеш ли малку месо? Многу сум гладна. А ти што ќе ми дадеш за возврат? Нешто што не си видел 15 години.
Кавадарчанецот скока пресреќен, ја гушка стјуардесата и ја прашува: Стварно ли носиш ракија?
Малото девојче ја прашува мајка си: Мамо, зошто тенисерките испуштаат такви смешни звуци? Мајката: Затоа што користат многу сила, мила. Девојчето: Мамо, а ти зошто толку силно играше тенис сношти со тато?
Отворил Македонец фризерски салон во Милано. Прв кај него дошол сопственикот на соседниот дуќан, цвеќарот. Колку чини? Ништо не треба, комшија си ми, а и прв муштерија. Наредното утро гледа 10 рози пред берберницата. Колку треба за розите комшија? Ништо не треба, комшии сме, а нели вчера ме потстрижа без пари. Дошол и другиот комшија, лебарот. Колку чини? За тебе е бесплатно, комшии сме. Наредниот ден гледа пред дуќанот 10 лепчиња. Колку треба за лебот комшија? Без пари за тебе, нели ме потстрижа вчера без пари. Третиот ден во берберницата дошол Македонец. Колку чини да ме потстрижеш? Бесплатно е, нели сме Македонци, од тебе ли пари ќе земам. Доаѓа наредното утро и гледа пред дуќанот 10 Македонци.