ВИЦОТЕКА

Тато, раскажи ми приказна за добра ноќ. Слушај, сине. Во едно демократско царство си живееше еден пратеник. Тој беше сиромашен, но чесен. И тој пратеник сакаше да направи нешто добро за луѓето. Тато, да знаеш дека долго време нема да можам да заспијам, ако ме тераш да се смеам!

Мајката ја советува ќерката: Ќерко, мажот треба да се избира умно. Гледај го татко ти. Се разбира од електрика, од водовод, од мебел, тој може да поправи апсолутно сѐ што ќе се расипе во домот. Ако најдеш таков човек како него, никогаш нема да имаш, ништо ново.

Една компанија ја преместила својата канцеларија. По тој повод, пријатели на газдата одлучиле да му испратат букет цвеќе. Но, кога букет пристигнал, на картичката пишувало: „Почивај во мир!“. Подоцна од цвеќарата го добил следново извинување.

„Почитуван Господине, ве молиме прифатете го нашето искрено извинување за настанатата грешка! Излезе дека вашиот букет по грешка бил испратен на еден погреб со картичка: Примете ги нашите честитки за вашата нова адреса!“

Докторе, девојка ми е бремена, но јас секогаш користам кондом. Дозволете ми да ви раскажам една приказна – рекол докторот. – Си бил некогаш некој човек и со чадор во раката се шетал низ шумата. Наеднаш, видел како му се приближува еден голем тигар, го отворил чадорот и го застрелал тигарот кој паднал и умрел. Хахаха, тоа е невозможно. Некој друг го застрелал тигарот. Точно така.

Талат Џафери пред почетокот на седницата им вели на собраниските служби: Однесете им на македонските пратеници по еден леѓен. Денес ќе го носам законот за јазици, па ако на некој му се повраќа да повраќа. Службите ги фаќа паника од каде да најдат толку многу леѓени. Почнуваат да вртат телефони, но никој не може да им донесе толку леѓени за толку брзо. Почнува седницата и Џафери им се јавува на службите и им вели: Нема потреба да барате леѓени. Македонските пратеници веќе се посраа.

Еден рибар фатил златната риба, а таа му рекла:Брзо кажувај една желба. Па, Грција да ја признае Македонија под уставното име и да ни го признае народот и јазикот. Рибата му рекла: Ааа, тоа е многу тешко, кажи друга желба. Добро, тогаш барем направи нашите политичари да престанат да го крадат надорот. Рипката се подзамислила малку и рекла: Само Грција сакаш да ви ги признае народот и јазикот или и Бугарија?