
Главниот град на Австрија, Виена, и понатаму е една од најпопуларните туристички дестинации во Европа. Само во претходниот месец, во Виена се направени рекорден број на туристички ноќевања, покажуваат најновите статистички податоци…
Претходниот мсец во Виена се остварени 967.000 ноќевања и со тоа е надмината минатогодишната статистика за 6,5 проценти.
Од јануари до декември направени се вкупно 11,6 милиони ноќевања, што е за 3,4 проценти повеќе од минатата 2012-та година. Нето профитот на виенските хотели за ноќевање од јануари до ноември 2013-тата година ја достигнал бројката од 499,2 милиони евра.
Во декември е зголемен бројот на ноќевања на гостите од Русија (за 1%), Шпанија (3%), Јапонија (3%), Швајцарија (7%), Германија (8%), Австрија (8%), а посебно од Америка (22%) што се поврзува со зголемената понуда на австриската авиокомпанија „Аустријан Ерлајнс“.
Намален број на ноќевања во декември имало од Италија (10%), од Англија (3%) и од Франција (1%), а сите хотелски категории профитирале од зголемениот број на ноќевања во декември.