samsung_galaxy_s5

Јужнокорејски „Самсунг“ синоќа го презентираше најновиот модел на мобилен телефон Galaxy S5. На Светскиот конгрес за мобилни апарати, што се одржа во Барселона, „Самсунг“ го претстави водоотпорниот телефон со исклучително издржлива батерија.

Екранот на на овој телефон е 5.1-инчен, наспроти 5-инчниот на неговиот претходник. Резолуцијата е Full HD, а процесорот Qualcomm Snapdragon 800 со 4 јадра и 2GB RAM меморија. Уредот е отпорен на вода и прашина, може да издржи 30 минути потопување во околу еден метар вода.

Оперативниот систем е Android 4.4 KitKat, а смартфонот располага и со LTE, NFC, WiFi, Bluetooth, IR и мноштво на други технологии. Меѓу нив е и сензор за отпечатоци.

Телефонот ќе започне да се продава на пазарот на 11-ти април во над 60 земји во светот, а тогаш ќе се знае и неговата цена.

Меѓутоа конкурентите веќе го нападнаа. HTC не издржа и веднаш одговори на промоцијата на Samsung Galaxy S5 со своја порака до купувачите дека ќе се каат ако го купат смартфонот. Тие треба само да се стрпат до 25 март кога официјално ќе биде промовиран новиот премиум модел HTC One 2, велат од HTC.

Повеќе за тоа како изгледа новиот модел на Самсунг, погледнете во видеото од официјалната промоција:

Извор: Faktor.mk