
Сигурно се прашувате кој би преживеал во слободен пад – дали постариот Galaxy S4 или новиот Galaxy S5? На YouTube се појави ново видео во кое уредите беа тестирани од неколку различни висини…
Првиот тест беше од висина на вашиот џеб, што значи приближно 1 метар. Вториот тест беше од висина на вашата глава, односно 1,5-1,8 метари, додека пак третиот тест беше од висина на 3 метри.
Во тестовите, еден уред се покажа како супериорен, а неговиот екран остана неоштетен дури и на последниот тест. Шансите да ви падне телефонот од 3 метри се прилично мали, но добро е да се знае дека Samsung прави доволно квалитетни уреди кои можат да го преживеат ова.
Погледнете го видеото и дознајте кој телефон преживеа!
Извор: GSM.mk