За песната „Тешко без тебе“, која ја освои втората награда на „Скопскиот фестивал 2013“, синоќа во „Станица 26“, беше промовиран спотот на Тамара Тодевска…

todevska_

Темата ‘„Тешко Без Тебе“, е дело на Роберт Билбилов и Тамара, аранжманот на Роберт, а текстот е дело на маестро Игор Џамбазов.

Видеозаписот го изработи матичната продукција на Тамара Тодевска, „Горила Филм“, а во продукција на „Македонска Радио и Телевизија“, под режисерската палка на уникатниот Мерт Аслани, директор на фотографија беше Драган Паковски – Пако, додека за видео монтажата беше задолжен Милан Туциновски.