Кампањата за претседателските избори започна. На митинзи, со спотови, на билборди во директен контакт четворицата кандидати се во трка по гласови и доверба…

stevo-685x320

Главните поенти со кои Стево Пендаровски ќе ја бие битката за претседател се демократијата, слободата, економијата.

Пендаровски порачува: Стоп за поделбите на народот и иселувањето од Македонија.
Во промотивниот спот тој вели дека Македонијан треба да се споредува со светот, а не со самата себеси.

„Младите заслужуваат победа, во мене младите го имаат најголемиот сојузник. Политиката на поделби е најголемиот непријател на Македонија. Ќе бидам заштитник на правата на граѓаните и чувар на Уставот“, порача Пендаровски.

Извор: A1on.mk