Победникот на овогодинешниот Скопски фестивал, Ламбе Алабакоски сними нова песна. „Кога те имам” е дело на Лазар и Магдалена Цветковски. Ова е трета песна на Ламбе од најавениот албум на кој веќе на големо се работи.

Неговата матична План Б Продукција најави снимање видео запис за истата веќе следната недела. Во меѓувреме, односно неделава, Ламбе работи на подготовка и снимање на спотот за победничката песна од Скопски фестивал – „Ќе те чекам јас”.
„Презадоволен сум од „Кога те имам”. По победата на Скопскиот фестивал се појавив како специјален гостин на значајни концертни спектакли во државата и сам на себе си дадов одмор а и сакав да почекам за да излезе уште една соодветна песна за мене и мојот вкус. Со мојата продукција веќе на големо работиме на подготовка на албумот. Во меѓувреме се снимаат и видео приказните за победничката балада од Скопски Фестивал како и за оваа штотуку промовираната – „Кога те имам” – вели Ламбе.