Само неколку дена по презентацијата на Galaxy S5 од страна на Samsung, голем број на веб-страни веќе започнаа да излегуваат со официјални рецензии на уредот. Генерално, сите се слични, освен руската…

Galaxy-S5-voda

Нормално, кога Русите прават рецензија, тогаш знаете дека мора да станува збор за нешто навистина посебно. Наместо стандардните тестови и анализи на дизајнот, интерфејсот, перформансите и камерата, руската веб-страна Hi-tech.mail.ru се реши да ги тестира тврдењата на Samsung дека новиот Galaxy S5 е водоотпорен.

Не би сакале да ви го расипеме крајот, но импресионирани сме од издржливоста на овој уред, кој поседува IP67 сертификат. Тоа значи дека е отпорен на вода до 3 метри, прашина и удари.

Извор: GSM.mk