Вчера беа затворени Зимските олимписки игри во рускиот град Сочи и повторно се случи петиот олимписки круг да не се отвори…

438750_432556mdf52822f_fОрганизаторите на церемонијата на затворање на игрите одлучија да се пошегуваат на сопствен начин. При отворањето на игрите во еден дел од церемонијата се случи проспуст, од петте кругови кои ги претставуваат континентите се отворија само четири.

Петте светлечки снегулки требаше да се трансформираат во олимписки кругови. Меѓутоа петиот круг кој ги претставува Северна и Јужна америка остана само во облик на снегулка. За целата церемонија на отварањето не се зборуваше толку многу колку што се се зборуваше за тој пропуст.

Во неделата на затворањето се случи истото но овој пат тоа беше намерно. Олимписките кругови овојпат ги оформија танчерите, а групата танчери кои требаше да го сочинуваат петиот круг остана групирана токму како снегулката на отворањето на игрите. По некое време танчерите сепак го создадоа и петиот круг.

Извор: Plusinfo.mk