Нема дилеми дека сексот продава, па тој адут го користат многу од популарните телевизиски серии за да привлечат колку што е можно повеќе внимание.

sex_sceni

Сепак интересно е што пред околу 15 години, сериите на телевизија значеа нешто евтино, лошо и со многу цензура, додека квалитетот, но и нецензурираните остварувања беа резервирани за кино проекциите.

Но, работите се сменија кога филмот реши да заработува со фамилијарните вредности и ориентирањето кон детски содржини, а содржината за повозрасна и посериозна публика се префрли на малите екрани.

Game of Thrones 

Иако според некои статистики количината жесток секс опаѓа со секоја нова сезона (првата сезона имаше секс во секоја епизода, додека третата имаше секс во 5 од вкупно 10 епизоди) комбинацијата на голотија и софт-порн акција, со фантастичните сцени и нагласеното насилство се главен рецепт за успехот на оваа серија.

Californication 

Оваа серија за писателот Хенк Муди изобилува со теми како секс, дрога и рокенрол, кои редовно се појавуваат во епизодите. Серијата освои многу награди, а има многу сцени со секс кои воопшто не делуваат вулгарно.

Girls

Лена Данам стана поинаков секс симбол од она што го наметнува Холивуд, па одработи неколку често вознемирувачки реални и негламурозни секс сцени во својата серија Girls.

Mad Men 

Маркетинг експертите од 60-тите во САД освоија многу награди, а освен со паметните реплики, фантастичната продукција и уникатните ликови, привлекоа многу внимание и со солидната количина ретро сексапил – покажувајќи ја страста во конзервативната средина.

Sex and the City 

Веројатно пионерките на феминистичкиот секс на малите екрани се девојките од Sex and the City. Оваа серија го донесе сексот на мејнстрим телевизијата, а Саманта со своите постапки стана вистинска икона.

Secret Diary Of A Call Girl 

Оваа британска серија со поранешната поп ѕвезда Били Пајпер се емитуваше од 2007 до 2011 година. Главниот лик базиран врз вистинска приказна на проститутка која се прослави пишувајќи блог за своите искуства. Резултатот е секс полн со многу хумор.

Извор: Mojatv.mk