
Европските обложувалници балканските учесници на годинешната Евровизија ги рангираат под 25-то место, а најголеми шанси за победа има Ерменија со песната „Not alone“…
Ерменскиот претставник Арам МП3 има најголеми шанси за победа на евровизискиот избор кој ќе се одржува од 10 до 16 мај во Копенхаген, пишуваат музичките портали.
Како што е објавено на црногорскиот претставник Сергеј Ќетковиќ и нашата претставничка Тијана Дапчевиќ, не им се предвидува блескав пласман.
Сергеј кој ќе настапи со композицијата „Мој свијет“ ќе биде на 26-то место, додека Тијана со нумерата „To the sky“ ќе биде две места под него, на 28-та позиција.
Оваа година на Евросног ќе учествуваат 37 земји. 29-годишниот Арам МП3 е роден како Арам Саргсјан, се занимава со музика, актерство и стендап комедија.
Ерменија досега оствари најдобар пласман во 2008 година, кога нивната претставничка Сирушо го освои 4-тото место.
Извор: Plusinfo.mk