

Кога ќе ги погледнете македонските филмови што се снимени во последниве неколку години се поставува прашањето дали нашите актерики и режисери се поконзервативни за разлика од пред 20 години, кога кинемографијата беше поголема и често можеше во наш филм а се види гола девојка или секс сцени со некоја домашна актерка.
Телеграф не потсетува на неколку познати актерки што на времето жареа и палеа на филмското платно одлично глумејќи некоја секс сцена или да го покажат голото тело.
Јелена Мијатовиќ е една од нашите похрабри актерки што во деведесетите без проблем се разголеја на платната.
За жал на машката публика, по овој филм ретко се појавуваше на филмското платно.
(Јелена Мијатовиќ – „Самоуништување“, 1996 година)
Синоличка Трпкова е една од нашите најпознати актерки, по дебито во „Среќна нова 1949“ на Столе Попов ја зголеми својата популарност во ексјугословенската кинематографија со улогара во култниот филм на Емир Кустурица „Дом за бесење“
Тркова денес предава на факултетот за Драмски уметности.
Актерката Верица Недеска се прослави со филмот „Караула“ на Рајко Грлиќ, каде што во неколку кадри е гола и има жешки сцени со еден од актерите.
Таа е една од поубавите македонски актерки.
Најчесто настапува на интернационални проекти сосвојот сопруг, режисерот Иво Трајков, со кого живее во Прага, каде што тој предава на познатата филмска школа ФАМУ.
Една од најсексипилните македонски актерки е познатата Софија Куноска, која денес е повеќе активна на политичката сцена отколку на филмското платно.
Ова е дел од „Збогум на 20 век“ на Дарко Митревски и Александар Поповски.
Можеби повеќето не го знаат филмот „I Want you“ на еден од водечките британски режисери Мајкл Винтерботом. Лабина Митевска толкува еден од главните ликови, покрај популарната Рејчел Вејс и во неколку кадри се појавува сосема гола.
Критичарите велат дека таа поседува врвен актерски талент.
Од поновата продукција ќе ја споменеме згодната и убава Ана Стојановска, ќерка на актерката Силвија Стојновкса, која во филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски ги покажа градите.
Иако, јавноста повеќе дозна за неа по нејзиното учество на рфеалното шоу „Преживеан“, но и врската со Влатко Илиевски.
Публиката беше изненадена одфилмот „Сенки“ на Милчо Манчевски, но и од градите на актерката и харфистка Весна Стојанојевска.
По се изгледа, никој не очекуваше дека Весна пријатно ќе изненади.