На Јутуб беше објавен записот за песната “Чувај ни га боже”,  која Тајзи  ја напиша за својот трагично загинат другар од детството, Игор Ѓелиќ- Ѓешо.

tajzi-spot2

Спотот  се снимаше во Куманово и околината, кај стадионот на ФК Карпош од Куманово во кој Ѓешо има играно и на градските гробишта во Куманово, каде сега тој почива.

Игор Ѓелиќ- Ѓешо загина во сообраќајна несреќа на 8-ми февруари минатата година во месноста Смиличинци, на патот Куманово-Крива Паланка. Автомобилот со кој се возел Ѓешо поради неприлагодена брзина на условите на патот, удрил во автобус. Возилото се превртело и излетало од патот, а 27 годишниот Игор починал на лице место.

Извор: Aktuelno24.mk