Младиот музички уметник Иван Тренчевски од Делчево не запира и со нова песна продолжува да чекори по патот на успехот…

734062_539488636069206_145578177_n

“Ти си се” е новата песна на Иван Тренчевски, која излезе пред некој ден и ексклузивно ви ја претставуваме во продолжение. Инаку песната е снимена во Бугарија и истата е испеана во две верзии и на македонски и на бугарски јазик.

За песната се погижија познатиот бугарски композитор и директор на Фестивалот “Пирин Фолк” од Бугарија, Валентин Пензов кој ја напиша музиката, додека за аранжманот се погрижи Светислав Лобушки исто така од Бугарија. Текстот го напиша самиот Иван Тренчевски.

Песната наскоро официјално ќе биде промовирана и во Македонија и во Бугарија.

Во продолжение слушнете ја најновата песна на Иван испеана на македонски јазик, а наскоро ќе ви ја претставиме и бугарската верзија…