Како стоите со германскиот јазик? Ново видео од Германија ни прикажува 15 минутна тура од новиот HTC M8, односно наследникот на популарниот HTC One…

htc_m8

Телефонот би требало да биде официјално претставен утре (вторник), со тоа што продажбата би започнала кон крајот на идната недела. Се очекува цената да биде околу 600 долари без договор.

Голем број на потрошувачи се заинтересирани за овој модел, па ќе биде интересно да се види битката помеѓу HTC One 2 и Galaxy S5 од идната недела. Кои се вашите предвидувања?

Извор: GSM.mk