Денес околу 13:20 часот во централното градско подрачје на Кочани се случи настан кој за кратко време стана топ-тема меѓу населението.

kocani

Имено крадец или група на крадци денес успеале да ја разбијат влезната врата од станот на кочанчанецот В.Р. и почнале да пребаруваат по него. Во меѓувреме од училиште се враќал дома нивниот син и според она што го дознавме од сопственикот на разбиениот стан тој на самите скали се разминал со еден од крадците. Постои сомнеж дека крадецот имал соработник кој го познавал детето и најверојатно кога го видел дека доаѓа дома го информирал „колегата“.

Детето кога видел дека вратата е разбиена ја информирал по мобилен телефон мајка си која веднаш тргнала кон станот. Детето кога излегло на улицата го препознал човекот со кого се разминал на скалите и кажал на мајка си и заедно почнале да трчаат кон него. Го стигнале во непосредна близина големиот паркинг кај кула „Б“ во Градскиот Трговски Центар и мајката се обидела да му ја отргне торбичката, но крадецот успеал да и избега. Барањето помош на жената го слушнале неколкумина млади сограѓани кои се стрчале кон лицето што бегало и кај самиот паркинг го фатиле.

Полицијата по кратко време стигнала на местото на настанот и лицето го привело во Полициската Станица во Кочани.

Настанот кога жената се обидува да му ја земе торбичката на лицето кое бегало е снимена и на една од надзорните камери на објектите кои се наоѓаат на овој дел од Трговскиот Центар.

Извор: Komarec.com.mk