Новиот спот на поп дивата Бијонсе за синглот „Partition“ е најпровокативниот досега…

bijonse ekstaza

По невиниот почеток на спотот, целата работа наскоро се претвора во сексуална фантазија во која учествува нејзиниот сопруг, Џеј Зи.

Спотот кој е објавен во две верзии ја прикажува Бијонсе како домаќинка која фантазира дека приредува секси претстава за својот сопруг Џеј Зи кој во спотот се појавува во жешки заеднички сцени на задното седиште на неговиот автомобил.

Бијонсе вели дека инспирација за видеото добила од танчерите на познатиот париски ноќен клуб „Crazy Horse“.

– Денот кога се свршив беше роденденот на мојот сопруг и го одведов во „Crazy Horse“ и помислив колку тие девојки се прекрасни. Си помислив дека тоа е ултимативна секси претстава. Посакав да бидам на таа сцена и да танцувам за својот човек. Затоа го снимив ова видео – објаснила Бијонсе.

Извор: Plusinfo.mk