izbori-500x272

До полноќ трае увидот во избирачкиот список за претстојните претседателски избори, што ќе се одржат на 13 април. Македонците на привремена работа и престој во странство до полноќ можат по електронска пошта да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоците од посебните изводи од Избирачкиот список.

Дали ве има на избирачкиот список, проверете ТУКА.

Инаку Државната изборна комисија денеска треба да го донесе роковникот и за претстојните предвремени парламентарни избори, кои треба да се одржат на 27 април, заедно со вториот круг од претседателските. Со роковникот ДИК треба да ја расчисти дилемата околу судирот на роковите во двата изборни циклуса, кои ја комплицираат предизборната кампања.

Извор: Faktor.mk