
Попладнево се одржа жребот за четвртфиналето во ракометната Лига на шампиони и нашите два претставници Вардар и Металург ги добија своите противници.
Двата Македонски претставници добија германски противници. Шампионот Вардар ќе ги одмери силите со Фленсбург, додека Металург ќе излезе на мегдан со Кил.
Останатите две двојки кои ќе се борат за влез во фајнл-фор се ПСЖ – Веспрем и Барселона – Раин Некер.
Му посакуваме среќа на нашите претставници и се надеваме дека ќе имаме претставник во фајнл-форот!
Извор: Sportski.mk