
Навистина звучи чудно да се избегнува сексот, но тоа треба да го направите доколку…
Поради обврска. Некои жени се согласуваат на секс дури и кога воопшто не им е до него, бидејќи мислат дека мораат тоа да го направат. Мажите што уценуваат и бараат секс само затоа што како нивна девојка или жена морате тоа да го направите, не заслужуваат да го добијат тоа што го сакаат. Секако, зборуваме за ситуација кога вам не ви е до секс, и ваше право е, токму затоа што сте во врска, без страв да го одбиете сексот.
Секс од одмазда. Момчето ве оставило, а вие поради одмазда ќе спиете со некој што воопшто не ви се допаѓа? Ваквиот секс треба задолжително да се избегнува. Освен што со друг тип ќе спиете поради потполно погрешни причини, големи се шансите на момчето што ве оставило да му биде сосема сеедно за вас.
За љубов. Многу девојки мислат дека, ако веднаш дозволат секс, ќе ја придобијат вечната љубов и почитување на момчето што им се допаѓа. Логиката, сепак, налага поинаков факт: ако ве заслужува, ќе чека, а ако за вас суди само според подготвеноста да спиете со него, веројатно по сексот веднаш ќе почне да бара нова девојка што сѐ уште не ја освоил.
Пијан секс. Сексот со типот кого штотуку сте го запознале во клуб, сигурно изгледа како одлична идеја по неколку коктели, но не е.
Без заштита. Тој ве убедува дека е чист како солза, и веројатно е, но додека не го навлече кондомот на својата „чистота“, нема секс. Сексуално преносливите болести и несаканата бременост не се работи со кои треба да си играте, а ако тој тврди дека едноставно го боли кога има секс со заштита, поставете му ултиматум: или ќе имаш намалено чувство ако ставиш кондом (што е речиси незабележливо), или нема да доживееш никакво сексуално чувство. Сигурно ќе одбере заштита.
Извор: Plusinfo.mk