Бројот на избирачките места во земјава од претстојните претседателски избори ќе се зголеми за 504 и нивниот број ќе изнесува 3.480…

dik

Досега гласањето се спроведуваше на 2.976 гласачки места, објави МИА, повикувајќи се на измените и дополнувањата на Изборниот законик, односно членот 165 од законикот во кој се предвидува бројот на избирачи кои гласаат на избирачкото место да не може да биде поголем од 1.000 избирачи.

За овие 504 нови избирачки места ќе бидат избрани дополнителни 5.040 лица.

Во шесте изборни единици во земјата и трите надвор од неа вкупно ќе има 3.528 избирачки места.  Првпат оваа година дијаспората ќе гласа за претседател на државата.  Предвидени се и 47 избирачки места во дипломатско-конзуларните претставништва каде ќе гласаат државјаните на Македонија, кои ќе се пријават на јавниот повик.

Ќе има едно избирачко место во Државната изборна комисија (ДИК) за членовите на избирачките одбори кои ќе мора да отпатуваат во странство за да се реализира гласањето на дијаспората. Членовите на овие избирачки одбори на локалните избори во 2011 година не можеа да го искористат правото на глас бидејќи кога се гласаше тие не беа во земјата.