Дали нашите очи си играат со нас и не лажат или можеби сепак Бритни Спирс си нацрта лажни стомачни мускули кога се појави на сцената на концертот во Лас Вегас?

britni_stomacni1-fbe366e332-Годишната американска поп пејачка го започна својот двегодишен проект во Син Сити на 27-ми декември, ја воодушеви публиката (вклучувајќи ја и екстремно среќната Мајли Сајрус) со спектакуларната екстраваганза во времетраење од час и половина која вклучуваше промена на многу аутфити и еден интригантен додаток: лажни нацртани „плочки“ на стомакот.

Бритни Спирс навистина вежбаше напорно и се намачи за да се врати во колосек и да го претвори своето тело во она што беше порано, но можеби таа немала доволно време. Во недостиг на стомачни мускули, Бритни решила да си ги нацрта истите, а тоа секако дека не помина незабележано од сите светски медиуми .

britni_stomacniНо пред да почнете да ја осудувате, само да ве потсетиме дека Бритни не е првата од овој вид која се преправала дека има изразени „плочки“ на стомакот. Мараја Кери исто така беше забележана со многу шминка на нејзиниот стомак во обид да ги излаже сите дека има стомачни мускули уште во 2005-тата година.

Сепак, без разлика на тоа дали стомачните мускули на Бритни се лажни или не, таа сè уште изгледа фабулозно и треба да е горда на своето секси тело.