
Сонот на многу девојки и жени е да ја променат бојата на косата, а притоа да не ја оштетат со силните хемикалии и хидрогени кои ги содржат боите за бојадисувања на коса…
Решение за овој проблем постои, а ќе го најдеме во природата. Природните бои за коса ќе ја направат вашата коса поубава, ќе и дадат волумен, сјај и цврстина.
Како дополнителни погодности ќе ги наброиме и остранувањето на првут, решавање на проблемот на мрсна коса и намалување на статичкиот електрицитет.
Најпопуларната природна боја за коса е к’ната, билката Lawsonia inermis која расте во Азија и Африка, а познато е дека уште пред 5 илјади години се користела за прикривање на белите влакна и за нега на косата во стар Египет.
К’ната потполно ги прекрива белите влакна, и дава на косата црвеникава нијанса и одличен волумен и сјај. Одлично ја регенерира слабата коса, му ја враќа алкалната рамнотежа на темето, а бидејќи создава заштитен слој на влакната, ги јакне и спречува нови оштетувања.
Покрај сето ова, к’ната го отстранува и спречува првутот и има силно антибактериско дејство. Ако се помеша со индиго прав, се добива темнокафена и црна боја, а мешањето со безбојна к’на (Cassia obovata) дава светлокафени и синкасти тонови на косата.
Индиго правот се користи речиси еднакво долго и за нега на косата, а популарно се нарекува црна к’на затоа што дава индиго боја, додека мешањето со црвена к’на дава темнокафени и црни тонови.
И индиго правот и двете к’ни не предизвикуваат иритации на кожата и не ја оштетуваат, туку ја негуваат и ја штитат.
Сонот на многу девојки и жени е да ја променат бојата на косата, а притоа да не ја оштетат со силните хемикалии и хидрогени кои ги содржат боите за бојадисувања на коса.
Решение за овој проблем постои, а ќе го најдеме во природата. Природните бои за коса ќе ја направат вашата коса поубава, ќе и дадат волумен, сјај и цврстина.
Како дополнителни погодности ќе ги наброиме и остранувањето на првут, решавање на проблемот на мрсна коса и намалување на статичкиот електрицитет.
Најпопуларната природна боја за коса е к’ната, билката Lawsonia inermis која расте во Азија и Африка, а познато е дека уште пред 5 илјади години се користела за прикривање на белите влакна и за нега на косата во стар Египет.
К’ната потполно ги прекрива белите влакна, и дава на косата црвеникава нијанса и одличен волумен и сјај. Одлично ја регенерира слабата коса, му ја враќа алкалната рамнотежа на темето, а бидејќи создава заштитен слој на влакната, ги јакне и спречува нови оштетувања.
Покрај сето ова, к’ната го отстранува и спречува првутот и има силно антибактериско дејство. Ако се помеша со индиго прав, се добива темнокафена и црна боја, а мешањето со безбојна к’на (Cassia obovata) дава светлокафени и синкасти тонови на косата.
Индиго правот се користи речиси еднакво долго и за нега на косата, а популарно се нарекува црна к’на затоа што дава индиго боја, додека мешањето со црвена к’на дава темнокафени и црни тонови.
И индиго правот и двете к’ни не предизвикуваат иритации на кожата и не ја оштетуваат, туку ја негуваат и ја штитат.
Извор: Plusinfo.mk