Нема ниту зголемување, ниту намалување на цените на нафтените деривати и во следните 14 дена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика…

383384413

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 78 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 денари за литар, а на ЕУРОДИЗЕЛОТ 69 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари за литар и изнесува 57,50 денари. Се зголемува само малопродажната цена на мазутот М-1 НС и тоа за 0,795 денари и ќе изнесува 40,881 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта во изминатите две недели била за 0,52% пониска од онаа по која биле формирани претходните цени на бензинот во Македонија, а курсот на денарот во однос на доларот бил за 0,66% повисок.