Селекторот на младата македонска репрезентација до 21 година, Бобан Бабунски преку својот Фејсбук профил демантираше дека дал изјава за ФФМ и потенцираше дека изјавата што беше пренесена во медиумите е очигледно конструирано соопштение без негова согласност со цел во јавноста да се шпекулира дека тој е во кавга со родениот син.

babunski_boban

„Во текот на изминатите два дена читам по македонските медиуми дека сум дал изјава по повод преписката на Давид Бабунски со ФФМ во контекст на патувањето во Португалија…Преку ова мое лично соопштение, сакам да ве информирам дека јас Бобан Бабунски и како селектор и како родител никогаш ниту сум дал ниту сум потпишал изјава ниту било какво соопштение по тој повод. А тоа што во медиумите беше пренесено е веројатно и очигледно исконструирано соопштение без моја согласност. Тие зборови ниту биле кажани во контекст на текстовите на Давид Бабунски објавени на ФБ ниту пак јас некогаш сум ги изјавил по враќањето од Португалија. Очигледно е дека некој си направил конструкција на веројатно изјави дадени многу претходно, па вметнати за да биде сликата онаква каква медиумите или некој друг сакал да ја претстави. Затоа ве молам сите кои сакате да конструирате лажни приказни за конфронтирање престанете, бидејќи ионака се е премногу смешно конструирано, јас во кавга со сопствениот син или со било кој друг играч, па уште и преку медиумите…Нон сенс…Но, очигледно тоа некому му одговара…“, пишува Бобан Бабунски на својот Фејсбук профил.

Извор: Sportski.mk