
Еден од најталентираните македонски фудбалери во моментов и член на Барселона Б, Давид Бабунски вчера отворено го нападна раководството на Фудбалската федерација на Македонија.
Откако нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев пред неколку месеци отворено ги посочи проблемите на македонските репрезентативци, истото вчера го стори и Давид Бабунски преку својот профил на социјалната мрежа на Фејсбук.
„Моите соиграчи од селекцијата У21 сеуште патуваат да се вратат дома. Тргнаа од хотелот во Португалија во 9:30 сабајле и моментално се наоѓаат во Фракфурт чекајќи авион за Љубљана за да стигнат во Скопје во 1:30 сабајле. Дали се ова подобрите услови кои ги ветивте? Дали вие искрено сакате фудбалот во Македонија да напредне? Срамота“, пишува Бабунски.
„А немојте со тоа дека немало пари, сите знаеме кај се парите. А ако не сакате да ги извадите, јас сум способен да одвојам од мојата плата и да вложам во македонскиот фудбал, само кажете, зошто јас навистина сакам да тргнеме нагоре. Пред натпревар патуваме саат време до стадион. И ние треба да излеземе на терен да браниме едно знаме и целиот македонски народ што не подржува. Незнам колку ви е вас битно или дали воопшто ви е гајле, ама ние за нив трчаме“.
Извор: Sportski.mk