Двете светски ѕвезди Шакира и Ријана , кои со нивниот заеднички спот за темата „Cant Remember To Forget You“ за де недели од објавувањето имаат 110 милиони посети на Јутјуб е забранет во Колумбија…

shakira-rihannaЕден колумбиски политичар изјавил дека спотот промовира лезбејски односи и потенцирал дека интимните допири кои си ги разменуваат пејачките во кревет може да им наштетат на интегритетот на децата.

Шакира која по потекло е Колумбијка, наводно не била премногу шокирана ниту повредена од ваквите изјави, со оглед на тоа што политичарот Марко Фидел Рамирез изјавил дека „Шакира и Ријана треба да се срамат поради темата за која пејат“.

– Ова видео содржи сцени кои наштетуваат на емотивниот развој на младите. Нашата Шакира во ова еротско видео стана лош пример за нашата младина – изјавил Рамирез.

Шакира кратко искоментирала: „Знам и јас да бидам многу сексипилна, но Ријана е секси во секоја минута од својот живот“.