
Астероид со големина на три фудбалски игралишта колку Вембли премина покрај Земјата ноќеска по средноевропско време, година дена откако слично тело експлодираше над Русија и повреди 1.200 луѓе.
Специјална вселенска камера го сними проаѓањето на небесното тело покрај нашата планета со брзина од околу 43.000 километри на час.
Телото со должина од 270 метри помина покрај нашата планета на оддалеченост од околу 3.4 милиони километри.
Пред нешто повеќе од година дена, астероид експлодираше над руското место Чељабинск, а ударниот бран ги искрши прозорите и направи оштетувања на објектите.
Извор: Sky.mk