
Апелациониот суд ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 2 – лидерот на НСДП Тито Петковски треба да му плати 650.000 денари на премиерот Никола Груевски поради нарушени чест и углед.
Информацијата ја потврдија и од граѓанскиот суд, кој лани во јули ја донесе првостепената одлука за случајот.
Петковски вели дека не е изненаден од потврдената пресуда. Тој очекувал да судот да досуди уште поголема отштета во корист на премиерот.
Груевски го тужеше Петковски затоа што во октомври 2012-та година за неделникот „Фокус“ изјавил дека премиерот со официјално писмо до генералниот секретар на ОН во 2008 се согласил новото име да биде „Република Македонија (Скопје)“.
Груевски тогаш бараше лидерот на НСДП да му плати 15 илјади евра оти му нанел душевна болка, Судот само делумно ја усвои тужбата.
Извор: Faktor.mk