Перо Антиќ, првиот Македонец кој е дел од НБА лигата и кој поради добрите игри ќе биде еден од учесниците на „Ол Стар“ викендот, на натпреварот наречен „Ѕвезди во подем“ ќе игра во тимот на легендарниот играч на Детроит, Орландо и Феникс, Грент Хил.

antic

Хил ќе го предводи тимот, во кој покрај Антиќ ќе бидат уште: Демјан Лилард (Портланд), Дион Вејтерс (Кливленд), Харисон Барнс (Голден Стејт), Теренс Џонс (Хјустон), Јанис Антетокумпо (Милвоки), Јонас Валанчиунас (Торонто) и Бредли Бил (Вашингтон).

Тимот против кој ќе играат избраниците на Хил, ќе биде предводен од уште една легенда на НБА лигата, екс кошаркарот на Вашингтон и Сакраменто, Крис Вебер.

Во тимот на популарниот Си Веб ќе настапат: Ентони Дејвис (Њу Орлеанс), Кели Олинк (Бостон), Џаред Салинџер (Бостон), Мејсон Пламли (Бруклин), Тим Хардавеј Џуниор (Њујорк), Стивен Адамс (Оклахома), Виктор Оладипо (Орландо), Мајкл Картер -Вилијамс (Филаделфија), Треј Берк (Јута).

Натпреварот наречен „Ѕвезди во подем“ ќе се одигра на 14-ти февруари.

Извор: Sportski.mk