
Антикорупциската комисија бара од политичките партии да ги почитуваат одредбите во Изборниот законик кои самите ги усвоиле.
Државната комисија ќе реагира на секоја повреда на изборниот процес, вклучувајќи ги и јавните настани 20 дена пред почетокот на изборната кампања па се до нејзиното завршување, вели претседателот на Комисијата Ѓорѓи Сламков.
„Во членот 8А, стои вака: „не можат да се одржуваат јавни настани 20 дена пред почеток на изборна кампања, па до нејзиното завршување“. Во овие јавни настани спаѓа – отпочнување со изградба или пак пуштање во употреба на инфраструктурни објекти и објекти за општествени дејности“, појасни Сламков.
Претседателот на Антикорупциската комисија денеска обелодени дека е поведена постапка за проверка на имотната состојба на претничките Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Радмила Шеќеринска од СДСМ.
Извор: Faktor.mk