Според истражувањето на ЦИГ, популарноста на кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски е далеку поголема од таа на Ѓорге Иванов дури за 30 %. Истражувањето е правено на 2400 испитаници, јавува БРИФ…

1797316_10152362164767932_1145437211_n

Непопуларноста на Иванов се должи на неговата безличност и лошиот вокабулар кон медиумите и јавноста, барем така одговориле граѓаните кои се опфатени со анкетата.

Најмногу Пендаровски го препознаваат како соработник на Борис Трајковски и неговата популарност се должи на неговите јасни ставови по сите проблеми во Македонија. Според ова истражување, Пендаровски може да победи во првиот круг со освоени над 380.000 гласови.

-Резултатите се далеку поразлични од она што го имаат партиите на власт и опозицијата вели- Ана Канга, директорот на ЦИГ за Македонија.

Според истражувањето на ЦИГ, ВМРО-ДПМНЕ не може да испорача повеќе од 320.000 гласови за Иванов. Кандидатот на ДПА се очекува да освои од 30-35.000 гласови ,а кандидатот на Гром ,Поповски, не повеќе од 15.000 гласови.

Извор: Brif.mk