СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ би добиле еднаков број на гласови, доколку изборите се одржат утре, покажува анкетата на институтот Прогрес направена во периодот од 14 до 18 Февруари…

450B74E3-DFEA-4DEB-9CF1-D994DC093472_mw1024_n_s

На прашањето “Доколку изборите се одржуваат утре, за која политичка партија би гласале?“, испитаниците одговориле на овој начин:

СДСМ – 21,3 отсто

ВМРО-ДПМНЕ – 21,8 отсто

ДУИ – 8,1 отсто

ДПА – 5,5 отсто

ВМРО НП – 0,5 отсто

НСДП – 0,2  отсто

НДП – 2,2 отсто

ГРОМ – 0,3

ЛДП – 0,9 отсто

Друга партија – 2,3

Неопределни – 21 отсто

Нема одговор – 15,9 отсто

Анкетата покажува дека на изборите би излегле на гласање 65,3% отсто од испитаниците, сигурно не би излегле на гласање 15,7% додека 19% рекле дека не знаат се уште дали ќе гласаат.

На прашањето “Дали очекувате ситуацијата во Македонија да се подобри по изборите?“, 30,4 одговориле дека ќе има подобрување ако на изборите победи СДСМ, а 22,5 сметаат дека ќе има подобрување ако победи ВМРО-ДПМНЕ. 8,8 отсто сметаат дека ситуацијата ќе се подобри ако победи некој трет, додека 37,6 сметаат дека кој и да победи на изборите нема да има подобрување на ситуацијата во државата. 0,7 отсто не дале одговор.

На прашањето “Според Вас, кој ќе победи на следните парламентарни избори?“, 24,3 отсто сметаат дека на избори ќе победи коалицијата предводена од СДСМ, додека 22,7 отсто рекле дека на следните избори ќе победи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. 3,4% отсто одговориле дека тоа ќе биде некоја друга партија, додека 49,6 отсто не можеле да оценат кој ќе биде победникот на следните избори.

На прашањето „ За кандидатот на која од партиите ќе гласате на претседателски избори?“, 30,4% од анкетираните одговориле дека се уште не знаат и тоа зависи од кандидатот, 23,3% рекле дека најверојатно ќе гласаат за кандидатот на СДСМ и коалицијата, 21,5% рекле дека ќе гласаат за кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, додека 11,7% ќе гласаат за кандидатот подржани од други партии. 13,1% рекле дека нема да гласаат.

Истражувањето било спроведено по телефон на репрезентативен примерок до 1116 испитаници.