Американскиот амбасадор Пол Волерс беше во посета на Општина Делчево, при што оствари средба со Градоначалникот Дарко Шехтански во неговиот кабинет…

1496630_279563652193634_1910676801_n

На самата средба од страна на Градоначалникот Шехтански беше претставена општината со нејзините главни карактеристики, како и природните ресурси и нејзиното културно  наследство.

Посебен дел од разговорот беше посветен на економската состојба на општината како и тековните проекти на Градоначалникот и проектите кои се во соработка со Владата на Република Македонија, а се во интерес на подобрување на стандардот за граѓаните на Општина Делчево.

Притоа беше разговарано за постојните потенцијали, како и развојните програми на локалната самоуправа и Градоначалникот за развојот на туризмот, земјоделството, лесната индустрија, малите и средни претприемачи, како и напорите за подобрување на условите за влез на странски инвеститори во Технолошко индустриската развојна зона “Делчево” и домашни инвеститори во Индустриската зона “Долни Бавчи”.

По средбата со Градоначалникот Шехтански, амбасадорот на САД, Пол Волерс беше во посета на ООУ “Ванчо Прке” и капацитетите на компанијата “Рудине” во Делчево.

1549547_279563992193600_255021845_n