Познато е дека  Американците сакаат да се судат и да покренуваат судски парници, а понекогаш нивните барања и обвинувања се неверојатни…

jgngs

Последен во низата на овие случаи  е тужбата која извесен Лукас ја поднел против синџирот ресторани за брза храна Мекдоналдс бидејќи еден од вработените одбил со нарачаниот хамбургер да му даде уште една салвета. Драмата се одиграла во ресторан на Мекдоналдс во Пакоими во Калифорнија, каде Лукас нарачал двоен хамбургер и дополнителна салветка.

Кога седнал на маса и сфатил дека добил само една салветка, се вратил на пултот кај вработените, но управникот на ресторанот очигледно бил штедлив човек и одбил да му даде уште една хартиена салвета.

Лукас кој инаку бил Афроамериканец го обвинил менаџерот за расистичко однесување, а на управата на Мекдоналдс истиот ден им испратил имеил во кој се пожалил поради претрпената душевна болка.

Според пишувањето на порталот „ТМЗ“ Мекдоналдс на Лукас му понудил бесплатни хамбургери, но тој ги одбил наведувајќи дека доживеал емотивен стрес поради кој не може нормално да функционира на работа и бара 1,5 милиони долари оштета.

Извор: Plusinfo.mk