Ali Ahmeti

Али Ахмети се јави на Фејсбук и упати интересна порака (ФОТО)

Предводникот на ДУИ, Али Ахмети преку Фејсбук упати јасна и директна порака по повод изборите за претседател на Република Северна Македонија.

На објавата тој постираше фотографија како држи митинг пред своите поддржувачи, каде се промовира кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

-Евроатланската иднина се одлучува денес, – напиша Ахмети.

Набргу потоа објави и видео по завршување на гласањето, каде порачаува дека единствен пат по кој треба да се движи Република Северна Македонија е НАТО и ЕУ.