Продукцијата на Х-Фактор изненади. Уште пред да се објават имињата на двајцата кандидати кои ќе одат во дуел, водителката Ана Грубин ја соопшти информацијата дека еден кандидат веднаш ќе го напушти шоуто поради малиот број на гласови, па така Александра Брковиќ го напушти шоуто…

Capture

Дури и жирито беше изненадено поради неочекуваното исфрлување на Александра, без борба.

Во дуелот влегоа штитеникот на Емина, Алекса Перовиќ и Маид Хачимовиќ од таборот на Жељко Јоксимовиќ. Сосема логично во овој дуел преовлада Маид кому Алекса не му беше достојна конкуренција.

Иако Алекса е миленик на женската популација, сепак симпатиите се едно, а талентот е друго.

Нашиот Даниел Кајмакоски е сигурен за следниот лајв, но веќе почнаа да се откриваат картите и шоуто станува се понеизвесно и понапнато.